Четворица заразени со корона вирус, пациенти на Клиниката за инфективни болести, починаа денеска

Двајца се од Скопје, на возраст од 79 и 63 години. Еден е од Велес на 57 години и 67 годишник од Прилеп.
Дијагностицирани се и нови 26 случаи од корона вирус. Најмногу во Куманово 11, во Скопје 4, Прилеп 3, Тетово 4, Велес 2 и еден случај во Пробиштип.
Со тоа вкупната бројка на заболени сега изнесува 854. Во Скопје има најмногу случаи – 316. За 24 часа направени се само 330 тестирања и веројатно затоа има и малку новооткриени заразени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


