САД и Европа против Кина

Кинеската економија постепено се лади. Темпото на растот на производството, трговијата на мало и инвестициите е забавено во однос на прогнозите. Притоа власта нема намера да презема активни мерки за стимулација на економијата.Во јули индустриското производство се зголеми само за 9 отсто во споредба до сличните показатели од минатата година. А пред само неколку години експертите сметаа дека критична точка на успорување е 11 отсто. Податоците за малопродажбата и инвестициите исто така ги излажаа и најпесимистичните очекувања од прилика за 0,5 до 1 отсто. Според мислењето на аналитичарите, со таква динамика, економијата на Кина ги има сите шанси да го забави својот развој до 7 отсто, уште во првиот квартал идната година.
По анализата на оваа статистика професорот на Њујоршкиот универзитет Нуриел Рубини со загриженост истакна дека Кина не може да го избегне тешкото успорување. И ова ќе се одрази на целата светска економија – рече тој во заклучокот. Меѓутоа, американскиот професор премолчи дека самите САД и Европа ја буткат кинеската економија во неприлики. Така на пример, лани над половина американски компании од кои секоја има над милијарда долари годишен обрт, производните капацитети од НР Кина ги вратија во САД. Сличен процес се одвива и во Европа. Во јануари 2014 година Европската комисија издаде специјално коминике За европската индустриска ренесанса, во кое апелираше на тоа уделот на индустријата во БДП на ЕУ од 15 се врати на 20 отсто.
Јасно е дека овие процеси се поврзани за внатрешните проблеми во Европа и САД. Опасноста од настанок на кризата која се појавува од време на време покажа потреба за јакнење на реалниот сектор. Меѓутоа, кинеските претприемачи премногу зависат од надворешната конјунктура. Сите негативни појави во економијата на главните трговски партнери САД и земјите на ЕУ, веднаш болно се одразуваат и на кинескиот пазар – смета советникот од Институтот за современ развој Никита Маслеников. Се случува она што мора да се случи.
Затоа што просечниот рок на животот на ваквиот економски модел е 20 до 30 години. И Кина дојде до работ нога се треба многу да се менува. Меѓутоа, најнасушните проблени, зависноста од извозот, промените во инвестирањето, долговите на локалните влади, треба итно да се решаваат.
Сепак, државата не се брза да преземе активни мерки за стимулација на економијата. Напротив, финансиските регулатори дури ја заострија кредитната политика. Се работи за тоа што кризата во 2008 година покажа дека активното инвестирање на средства само ги продлабочува настанатите проблеми. Токму во последните шест години многу пораснаа долговите на локалните влади и се појавија непотребни производни капацитети.
Но, како да се извлечат од состојбата кога Кина ја губи привлечноста како светска фабрика, а за замена на целокупниот економски модел ќе бидат потрошени многу години?Најверојатно Кина во сегашните услови ќе стави акцент на развојот на извозот на услугите, смета главниот научен соработник на Институтот за Далечен исток РАН Јаков Бергер. Извозот на услуги отвора широки можности за понатамошното напредување на Кина на светските пазари. Освен тоа, тоа е ефтин начин да се вработи вишокот на населението. Отворањето на работни места во областа на услугите е многу поевтино отколку во областа на индустријата.
Уделот на услугите во БДП на КНР лани за прв пат го надмина уделот на индустриското производство. Недвижнините, трговијата на мало и финансиите изнесуваа 46 отсто од БДП, додека уделот на индустриското производство изнесуваше само 44 отсто. Меѓутоа, има уште простор за раст. Бидејќи во развиените земји сферата на услугите обезбедува до 70 отсто од обемот во економијата. Важно е овој раст да биде поголем од бегството на странските компании од Кина. Инаку, за земјата можат да настапат тешки времиња.Во јули индустриското производство се зголеми само за 9 отсто во споредба до сличните показатели од минатата година. А пред само неколку години екс

Пронајдете не на следниве мрежи: