Меркел: Ако го дозволиме Крим, тогаш истото ќе ни се случува низ цела Европа

За да се врати Крим на Украина, потребно е трпение и многу напор, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на конференцијата за новинари во Киев, пренесуваат украинските медиуми. “Често за решавање на политичките прашања е потребно големо трпение и напор. Сепак, ако на слични ситуации им пристапиме исто како што му пристапивме на Крим, тогаш низ цела Европа може да ни се случи истото. Тогаш секоја европска земја ќе може да оспорува одредени територии и области, што би ја нарушила мирната коегзистенција.” – рече Меркел на заедничката прес-конференција со претседателот на Украина,Петро Порошенко.

Како што пренесе агенцијата УНН, германската канцеларка изјавила дека следен потег треба да претставува зачувување на Доњецк и Луганск во суверенитетот на Украина.
УНИАН пренесе дека Меркел изразила надеж, средбата на Порошенко со лидерите на Евроазиската тројка(Русија,Белорусија и Казахстан) со присуство на представници од Европската комисија на 26-ти август во Минск, ќе допринесе за решавање на кризата во истокот на Украина.”Често за решавање на политичките прашања е потребно големо трпение и напор. Сепак, ако на слични ситуации им пристапиме исто како што му пристапив

Пронајдете не на следниве мрежи: