ИСИЛ ја барале Лејди Ал Каеда во замена за убиениот американски новинар

Ослободувањето на Афија Сидики, научничка која учела во САД и го стекнала прекарот Лејди Ал Каеда поради соработката со највисоките кругови од светската терористичка мрежа, било на листата од барања кои групата ИСИЛ ги поставиле во замена за убиениот американски новинар Џејмс Фоли, пишува New York Times.Аафија Сидики, мајка на три деца, издржува 86-годишна казна затвор во Тексас. Била осудена бидејќи била фатена со планови за масовни терористички напади на САД.Администрацијата на претседателот Барак Обама одбила да ја ослободи, како и барањето да исплати 132 милиони евра за откуп на Фоли.
42-годишната Сидики посетувала два универзитети во Нова Англија: докторирала на Универзитетот Брендиз, а потоа дипломирала и во областа на неврологијата на Институтот за технологија во Масачусетс. По терористичкиот напад на 11. септември, се нашла на листата на најбарани злосторници на ФБИ, бидејќи ја споменал терористот Калид Шеик Мохамед, за чиј братучед била омажена. Нејзиниот сопруг бил еден од “мозоците” на нападот. Тој сега се наоѓа во Гвантанамо.
Оваа жена била уапсена во Авганистан во 2008. година, токму поради нејзиното образование. Мештаните биле скептични што таа знае да чита и да пишува, за разлика од останатите авганистански жени. Полицајците во нејзината торба, освен планови за ширење на ебола, пронашле и планови за фрлање на бомба со радиоактивен материјал и конвенционален експлозив, како и формули за создавање на хемиско оружје. Имало и два килограми отровен натриум-цијанид, како и документи со детални планови за напад на Њујорк.За време испрашувањето еден ден по апсењето, дошла до пушка и пукала кон еден од војниците. Таа промашила, но тие не…ја застрелале во стомакот.
 
“Не ме чуди тоа што ИСИЛ бара нејзино ослободување. Таа е поврзана со Ал Каеда, а тие сакаат да преземат делови од таа мрежа. А има ли подобар начин да се воспостави добра врска од размена на заложник за иконата на џихадот?”, вели Дебора Скорингс, која напишала книга за Аафија Сидики.Аафија Сидики, мајка на три деца, издржува 86-годишна казна затвор во Тексас. Била осудена бидејќи била фатена со планови за масовни терористички н

Пронајдете не на следниве мрежи: