Како светот гледа на ситуацијата во Фергусон? – II дел

Вчера бевте во можност да прочитате за тоа како американските, британските и германските медиуми гледаат на кризата во Фергусон. Денес ви ја објавуваме реакцијата на канадските турските,руските и кинеските медиуми за настаната ситуација. На следниот линк можете да се потсетите на првиот дел: Како светот гледа на ситуацијата во Фергусон? – I дел Глоуб и Мејл, канадски конзервативен весник, објави како полицијата постапува во нивната земја. “Тажните вести од предградието на Сент Луис ни овозможи да размислиме како функционираат работите кај и да сфатиме дека кај нас се работи релативни добро.”- објави Дејвид Бат, адвокат кој пишува за весникот.
Во Турција, сојузникот со комплицирани односи со САД, големиот број на антивладини протести во паркот Гези кои почнаа минатата година, се споредуваат со овие во Фергусон. Еден провладин весник на насловната страница направи споредба, објавувајќи дека американските медиуми ја игнорираат кризата.
Во меѓувреме во Русија, земја на многу поголем негативен став од САД, ситуацијата во Фергусон стана ударна вест. Нашиот дописник од Москва, Карун Демирјиан за немирите објави: “ова е можност за Русите,во ова време на санкции и чувства од нова Студена Војна, да ја обвинат САД е голем хипокрит.” Руската национална телевизија злонамерно го предупреди Обама дека наскоро проблемот може да стане државен. Russia Today, медиум на англиски јазик,финансиран од државата, кој самиот се прикажува како медиум кој не пренесува многу вести од западните медиуми, опширно известуваше за немирите. Една популарна руска веб- станица, ја опиша кризата во Фергусон како “Афро-Мајдан” и објави: “На Американците им е во крв да имаат предрасуди кон Афро-Американците.”

Емоции од конфликтот можат да се сретнат и во кинеските медиуми. Во понеделникот, државната новинска агенција Xinhua(Ксинхуа)објави текст, во кој расистичките проблеми во САД ги нарече “длабоко вкоренета хронична болест.” Сепак, како што Џош Чин од Wall Street Journal наведе, официјалното покривање на веста за немирите во Фергусон се намалува, поради загриженост од немири во сопствената земја. Чин укажа на состојбата со западниот регион Ксинџијанг, каде припадниците на Муслиманскиот народ Ујгури се жалат на угнетување од страна на Кинезите.
Текстот во Ксинхуа завршува со критика за САД за нивните критики на другите држави. “Секоја земја има свои државни услови кои би можеле да доведат до различни социјални проблеми. Очигледно е дека САД треба да се сконцентрираат на решавање на своите проблеми, наместо секогаш да посочуваат со прст другите.” Глоуб и Мејл, канадски конзервативен весник, објави како полицијата постапува во нивната земја. “Тажните вести од предградието на Сент Луис н

Пронајдете не на следниве мрежи: