Како светот гледа на ситуацијата во Фергусон? – I дел

Се чини дека хаотичната ситуација во Фергусон,Мисури, не требаше баш да се случи во САД. Како што WorldViews забележа, многу од белезите на конфликтот потсетуваат на сцените од Арапската пролет и Украинската криза. Нивниот поранешен колега Макс Фижер се зачуди како американските новинари ќе известуваа од Фергусон, ако не се случуваше на американско тло.
 Голем број од странските новинари известуваат за Фергусон,што како и за Американците, претставува вест од светот. Нивното покривање на убиството на Мајкл Браун и за подоцнежните немири може да значи освежување во известувањата, од аспект на многуте проблеми на САД. Оваа вест прикажува како на таквите инциденти, гледаат луѓето во својата земја.
За повеќето Американци,освен покривањето на Фергусон, најчитани вести од светот би биле британските вести. Не само затоа што имаат ист јазик, туку дека некои британски медиуми,особено Гардијан,но и Би-Би-Си и Дејли Мејл многу придонесоа во известувањето за американскиот пазар. Некои изданија посебно го третираа конфликтот како воена зона.На пример, Телеграф го испрати Роб Крили,дописник од Авганистан, да ги покрие протестите.(овој викенд беше уапсен додека известуваше).
Британските медиуми за настанот известија дека позади немирите и жестокиот одговор на полицијата стои расната нетрпеливост. Додека Велика Британија има свои сопствени проблеми со расни немири( особено настаните од 2011 година, во Лондон и на други места,предизвикани од полицијата која застрела младо црно момче), некои новинари повеќе ги интересираат разликите отколку сличностите. “ Додека протестите во Лондон достигнаа критична точка, луѓето бараа од полицијата да користи гумени куршуми, солзавец и водени топови против демонстрантите,” Абигејл Чендлер ,од весникот Метро, напиша: “Фергусон е жив пример за тоа зошто треба да сме неизмерно благодарни што тие мерки никогаш не биле искористени за време на немирите во Велика Британија.”

Германските медиуми упатија остри критики. Zeit Online, централноориентирана веб-страница, ја осуди смртта на Браун како сведоштво на длабоко вкоренет расизам во САД и заклучи дека “состојбата на Афро-американците е едвај подобрена од времето на Мартин Лутер Кинг.” Објавувањето на веста отиде толку далеку што “сонот на пост-расистичко општество, што се разгоре по изборот на Обама, се чини дека е недостижен отколку претходно.” Таквите критики можеше да се чујат од нивниот конзервативен конкурент Frankfurter Allgemeine Zeitung, еден од најголемите весници во Германија, кој го обвини американскиот претседател за неговите неуспеси: “Да го нарекуваш Обама најмоќниот човек на светот е голема шега.”
Spiegel Online, централна, левоориентирана веб-страница дискутираше со Марсел Калмиј, академик кој ги проучува реакциите на полицијата. Калмиј за веб-страницата, изјави: Во Германија,оружјето е последна опција, но во САД,полицајците го користат многу порано. Последен пат германската полиција користела автоматско оружје за време на Студената војна. Тој дополни дека во Германија, американските полицајци никогаш не би можеле да продолжат под такви услови. 
Во утрешниот втор дел ќе ја објавиме реакцијата на канадските,руските и турските медиуми за настанатата ситуација. Голем број од странските новинари известуваат за Фергусон,што како и за Американците, претставува вест од светот. Нивното покривање на убиството на

Пронајдете не на следниве мрежи: