Обама им испраќа оружје на Курдите

Претседателот на САД Барак Омаба соопшти дека е направен „голем чекор напред“ во борбата против екстремистите од организацијата ИСИЛ со тоа што вооружените сии на Ирак и ирачките Курди ја повратиле контролата над браната кај Мосул.Зборувајќи од Белата куќа, Обама рекол дека доколку браната на реката Тигрис била урната ќе предизвикала катастрофални последици и ќе го загрозела персоналот на американската амбасада во Багдад. Тој исто така изјавил дека САД итно испраќа оружје и друга помош на ирачните сили и курдските борци додека се обидуваат да ги потиснат силите на ИСИЛ.
Тој најави дека САД почнале долготрајна мисија со цел да се поразат екстремистите кои претставуваат закана и за Ирак и за регионот.
– Продолжуваме со долготрајната стратегија за стегање на обрачот околу ИСИЛ, а тоа ќе го направиме така што ќе ја поддржиме новата ирачка влада и ќе соработуваме со клучните партнери во регионот рекол Обама.Зборувајќи од Белата куќа, Обама рекол дека доколку браната на реката Тигрис била урната ќе предизвикала катастрофални последици

Пронајдете не на следниве мрежи: