НОВ ПРОТЕСТ: Турчинките фрлаат обувки против Ердоган!

Турчинки почнаа денеска нов протест против владејачката гарнитура во државата со фрлање он-лајн обувки кон нив, објави весникот Хуриет дејли њуз.На Твитер денеска почна нов протест под мотото „Доаѓа обувка“, во рамки на кој илјадиници Турчинки ставаат свои фотографии со обувки.
Протестот беше организиран во знак на поддршка на пратеничката од опозициската Народнорепубликанска партија, Ајлин Назлака. Таа вчера влезе во спор со претставници од владејачката Партија на правдата и развојот.
– Ѓаволот во мене вели да извадам чевел и да го фрлам кон вас. Но, ги гледам чевлите, и потоа кон вас и си велам – Не вреди, изјави од парламентарната говорница Назлака во одоговор на напади од владејачката партија, а пренесува МИА.
Под најголем дел од фотографиите со обувки на жени, објавени на Твитер, е посчоено дека треба да бидат фрлени кон новоизбраниот претседател Реџеп Таип Ердоган како и кон вицепремиерот Булент Аранч.
Мажи исто така се присоединија во протестот на Турчинките.
Во крајот на минатиот месец вицепрмеиерот Булент Аранч ги посоветува Турчинките да не се смеат гласно.
Реакција на коментарите беше итно спроведена – Турчинки масовно публикуваа во социјални мрежи фотографии на кои се смеат.На Твитер денеска почна нов протест под мотото „Доаѓа обувка“, во рамки на кој илјадиници Турчинки ставаат свои фотографии со обувки.

Пронајдете не на следниве мрежи: