НАУЧНИЦИТЕ СО НОВА ТРАГА: Главна причина за епидемија на еболата е двегодишно дете од Гвинеја?

Детето од селото Гекеду, кое се наоѓа во југоисточниот дел на Гвинеја, се заразило со смртоносниот вирус уште во почетокот на декември.„Нултиот пациент“ на оваа епидемија на еболата која до сега во западна Африка има однесено повеќе од 960 човечки животи, веројатно е 2-годишно дете од Гвинеја, кое почина минатата година, јавуваат американските медиуми.
Ова се тврдењата на научниците кои се сомневаат дека болеста започнала да се шири веднаш штом ова дете прво се разболело од оваа смртоносна болест.
Детето имало покачена температура, дијареа и често повраќало. Брзо починало по примањето во болницата.
Веднаш потоа се разболеле неговата мајка, сестрата и бабата кои исто така починале.
Никој не знаеше дека тие го имале вирусот на еболата, која од тоа село почнала да се шири по Гвинеја која се граничи со Либерија и Сиера Леоне – двете западноафрикански држави во кои оваа болест никако не стивнува.„Нултиот пациент“ на оваа епидемија на еболата која до сега во западна Африка има однесено повеќе од 960 човечки животи, веројатно е 2-

Пронајдете не на следниве мрежи: