Западот: Хуманитарниот конвој на Путин е изговор за инвазија

Ситуацијата е следната: Русија инсистира за праќање на хуманитарна помош, а конвојот го пријавила и кај Црвениот Крст.Владимир Путин испраќа конвој со хуманитарна помош во источна Украина, за што земјите од Западот тврдат дека станува збор за изговор за инвазија.
Украина тврди дека Русија „натрупала“ 45.000 војници на границата, а НАТО смета дека е голема веројатноста дека Москва воено ќе интервенира на крајниот исток на Украина, каде што владините сили ги опколиле руските сепаратисти.
Барак Обама и претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, го предупредија Путин дека било каква еднострана руска воена акција би се противела на меѓународното право.
Но, Русија инсистира на испраќање на хуманитарна помош, а конвојот го пријавила и кај Црвениот Крст.
Според ООН, во последните месеци убиени се околу 1100 лица откако сепаратистите го заземале истокот од државата.Владимир Путин испраќа конвој со хуманитарна помош во источна Украина, за што земјите од Западот тврдат дека станува збор за изговор за инвазија.

Пронајдете не на следниве мрежи: