Борец на ИСИС: Турција многу ни помогна

„АКП владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган ни помогна многу“откако започна војната во Сирија, изјавил исламски државен борец за турски новинар.
Мониторот на МЕМРИ за џихад и тероризам (Институт за Истрага на Блискиот Исток) обезбеди ексклузивена вест базирана на интервју со борец, кој е во Анкара поради медицинска грижа,од новинарката Дениз Кахраман од лево – либералната Ајдинлик весник , во кое борецот вели дека Турција одиграла клучна улога во спектакуларниот напредок на сунитската група.„Турција ни го отвори патот. Доколку Турција не покажа разбирање за нас, Исламската држава немаше да биде на сегашното место. Турција ни покажа наклонетост. Голем број од нашите мухаџедини примија медицинска помош во Турција.
Ја немаме поддршката од Саудиска Арабија, но многу саудиски семејства кои веруваат во џихад ни помогнаа. Во секој случај, наскоро нема да ни биде потребна повеќе помош.
Ќе ја изградиме исламската држава на териториите од Тигрис до Јордан и Палестина во Либан. Законот сунитски ќе владее “ вели тој.
„Се вклучив во системот на ќелии во 2010 и се преселив во Сирија во 2011. Во тоа време, сите групи кои се борат против Асад  ги здружија силите. Се боревме на повеќе фронтови со различни групи и под различни команди.

Но кога недостатокот на волја во Сириската армија стана јасен,ги променивме нашите патеки.
Учествував во 12 различни операции против Кудрите,  и лично ги режирав трите напади  во Камиши“.
Борецот рекол дека разузнавачките служби на многу земји „прават обиди да контактираат со нас“, додавајќи дека Франција, Германија и Холандија скоро  биле особено заинтересирани.
„Наместо да се интересираат за тоа што го правиме  во Сирија или Ирак, овие држави сакаат да дознаат повеќе за нашите муџахедини, активисти во нивните држави“, вели борецот.
Тој уште додал дека Исламската држава има муџахедини  до 21 земји, но не се сите Муслимани, вклучувајќи ги и оние од  Европа, Русија, Авганистан, Пакистан и Турција.„Турција ни го отвори патот. Доколку Турција не покажа разбирање за нас, Исламската држава немаше да биде на сегашното место. Турција ни пока

Пронајдете не на следниве мрежи: