Џеј Ло можеби е кралица во светот на поп-музиката, но изгледа дека нејзините вработени не го делат ова мислење.
На сите им се допаѓаат жестокоста и енергијата на пејачката кога е на сцена, но сте се запрашале ли каква е Џеј Ло „зад сцените“?
Според изјавите на многу луѓе, Џенифер не е најпријателски настроената личност со нејзините фанови и вработени.
Вработените и соработниците на Џеј Ло откриваат како е да се работи за неа и со што се соочуваат кога се дел од нејзиното секојдневие:
Џеј Ло се однесувала како вистинска дива и дури не ни сакала да разговара со луѓето кои работат за неа
Според некои гласини, кога Џеј Ло реновирала во домот, воопшто не разговарала со мајсторите
Всушност, пејачката не ги ни погледнувала
Џеј Ло барала премногу од вработените, но воопшто не им обрнувала внимание, освен на личниот асистент, и секогаш избегнувала разговор со нив
Нејзиното однесување ја отежнувало секоја соработката со неа – кога снимала реклама за Fiat, Џеј Ло не сакала да вози низ Бронкс во Њујорк, иако пораснала таму
Пејачката дури не ни разговарала со стјуардесите, туку сите барања ги пренесувале нејзините лични асистенти
Кога некоја вработена во хотел ѝ побарала автограм на Џеј Ло, таа не само што ја пријавила, туку побарала да ја отпуштат од работа
Постојат и гласини дека Џеј Ло им дава многу ниски плати на своите вработени
Кога пејачката престојува во хотел, нејзината листа со барања како да нема крај и пред таа да влезе во собата, мора сè да биде како што посакувала
Дури и Алекс Родригез има правила за следење – наводно, Џеј Ло му кажува со жени од која возраст може да се дружи