Вучиќ остро го нападна Пендаровски
Александар Вучиќ претседателот на Србија денеска остро го нападна македонскиот претседател Стево Пендаровски со изјава дека „им се додворува на Германците“ и дека се противи на корекција на границите меѓу Србија и Косово. Вучиќ побарал од Пендаровски да не зборува на овие теми заради добрите односи меѓу двете држави.
Изјавата на Пендаровски е иста со изречениот став на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас ден претходно рече Вучиќ, додавајќи дека Србија се наоѓа во комплексно опкружување. Ова имплицира дека имаат замерка кон Македонија за признавањето на Косово.
„Го разбирам изборот на многумина од регионот да им ласкаат на најмоќните, понекогаш на неодмерен начин… Кога зборуваат за тоа дека нема територијални промени тие во превод ви кажуваат, и Миро Лајчак и Хајко Мас и Пендароски-целта е Србија да ја признае во целина територијата на Косово како независна држава“, беше понатаму изјавата на Вучиќ.
На Вучиќ се надоврза Вулин кој реагираше на изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски околу менувањето на границите меѓу Србија и Косово. Тој рече дека мислењето на Пендаровски никој нити го бара, и никој не му е битно што он кажува.
– Претседателот на Северна Македонија, може слободно да молчи на јазикот којшто никој, освен Србија не го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи бидејќи ниту некој бара, ниту му го прифаќа мислењето, порача Вулин со што го навреди не само претседателот туку и сите Македонци.
На ова Пендаровски реши да не коментира.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.