САД презема мерки за заштита од смртоносниот вирус на еболата

САД многу сериозно го разгледуваат ризикот од смртоносниот вирус ебола и преземаат адекватни мерки, изјави синоќа американскиот претседател Барак Обама.Тој дополни дека од тие причини, некои учесници на Самитот на африканските земји, кој се одржува во Вашингтон ќе бидат тестирани заради претпазливост.
– Ширењето на епидемијата со ебола во западна Африка е вон контрола, но може да биде спречено, изјави претходно генералниот директор на СЗО Маргарет Чан.
Таа на состанок во Конакри со претседателите на Либерија, Сиера Леоне и Брегот на Слоновата Коска, изрази загриженост заради ширењето на таа смртоносна епидемија.
– Заразата се шири побрзо од нашите напори да ја контролираме. Ако ситуацијата продолжи да се влошува последиците може да бидат катастрофални во смисла на изгубени животи, но и сериозно економско-социјално разорување и висок степен за ширeње во други држави, изјави Чан.Тој дополни дека од тие причини, некои учесници на Самитот на африканските земји, кој се одржува во Вашингтон ќе бидат тестирани заради претпазливо

Пронајдете не на следниве мрежи: