Реисот Сулејман Реџепи го прогласи КОРОНА ВИРУСОТ за мртов!!
Да не е бизарно ќе беше смешно, но и тоа има. Реисот пак се надмина. Вчера дознавме дека го надмина Хју Хефнер женејќи се со 50 години помлада сопруга. И тоа мислевме дека е врвот. Но, не било. Денеска имаме нови дострели на Реисот. Имено тој го прогласи за „мртов“ КОРОНА ВИРУСОТ. Како? Ете така – мртов!
Еве ја од вчера веста на денот.
Во изјава што ја даде за медиумите пред џамијата Мустафа Паша во Скопје Реџепи им го честиташе празникот Фитер Бајрам и во говорот, го прогласи КОРОНАВИРУСОТ за мртов.
Во наредниот период секогаш да победуваме, лошото да го победуваме. И да знаете дека Ковид-19 можам слободно да го прогласам дека е умрен од денес. Со оглед дека го победивме, заради тоа сме тука пред џамијата. Господ е со нас. И кога е Господ е со нас ние се чувствуваме најсилни во светото, рече меѓу другото Сулејман Реџепи Раис на ИВЗ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.