7 починати и 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 89
– Куманово 4
– Штип 2
– Прилеп 2
– Тетово 11
– Струга 3
– Велес 1
– Охрид 8
– Гостивар 1
– Струмица 2
– Кичево 1
– Ресен 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
– Скопје 1
– Прилеп 1
– Велес 4
Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.
Инаку јасен показател дека Заев по секоја цена ќе оди на избори е НЕ прогласувањето на нова вонредна состојба која истекува овој викенд на 14 јуни.
Владата претходно информираше дека не гледа причина за да прогласи нова вонредна состојба, иако бројките особено на починати денеска јасно укажуваат на сосема спротивното- ситуацијата излегува од контрола!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.