Филипче засега нема план што ќе прави со лекарите кои не веруваат во Ковид-19

Како да е прашање на религија, а не на болест, во Македонија постојат лекари кои не веруваат дека коронавирусот воопшто постои.
Лекарската комора: Лекари не веруваат во Ковид-19 и не ги тестираат пациентите
Во однос на тоа дали е почната постапка против матични лекари кои не веруваат во вирусот и не ги упатуваат граѓаните на лекување, според информација на Лекарската комора, и дали од хоспитализираните има нивен пациент, министерот Филипче рече дека има пациенти, кои многу доцна се јавуваат во болница и тоа го покажала анализата на смртност.


Над 30 проценти од смртните случаи се од првиот до петтиот ден од хоспитализацијата, што е доказ дека пациентите, за жал многу доцна доаѓаат во болница. Многу е тешко да се утврди причината. Ние матичните лекари сакавме да ги вклучиме во работата на епидемиолозите, во смисла на помош за полесен пристап кон пациентите, заради тоа што тие многу полесно пристапуваат до нив. Но, сепак, заклучивме дека е добро епидемиолозите да бидат поддржани од здравствени лица од Институтот во Скопје, заради тоа што тие имаат поспецифичен пристап од епидемиолошки аспект и повторно да не се соочиме со тој отпор којшто еве го детектираат матичните лекари кај своите пациенти, како што регистрираше и Лекарската комора, рече Филипче.
Тој рече дека сè уште не знае каква постапка ќе биде поведена кон тие матични лекари и дека ќе разговараат со нив.
Сега сме целосно посветени на работата на епидемиолозите и пациентите кои се симптоматични, рече Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.