ПРОДОЛЖУВА ХУМАНИТАРНАTA АКЦИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК ВО МАКЕДОНИЈА
АВТОМАТ КЛУБОВИТЕ АСТРА ДОНИРАА ДЕЗИНФИКЦИОНИ СРЕДСТВА ВО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД 20.000 ЕВРА НА ОПШТА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ВО ОХРИД
Започна вториот дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, со донација на дезинфикциони средства на ЈЗУ Општата болница во Охрид од страна на автомат клубот„Астра“ во износ од 20.000,00 евра.
Оваа кампања започна минатата недела каде се донираа и медицински електрични кревети на здраствените институции кои се на првата линија во борбата против пандемијата од КОВИД-19 вирусот, исто така во износ од 20.000,00 евра, додека вкупната донација кон оваа здравствена институција изнесува 40.000,00 евра.
Како компанија веруваме дека токму во овој период каде бројките на заболени лица од вирусот се се поголеми овој вид на донации се од голема помош на институциите како и на здраствениот персонал.
Во овој период кога сме изложени на ризик по нашето здравје, кога се бориме со еден невидлив непријател, единството и солидарноста се особини кои ќе ни помогнат полесно да го надминеме овој предизвик.
Оваа „нова реалност“ во која живееме, секојдневно ни покажува дека секој дел од општеството е важен и меѓусебе поврзан и токму затоа секоја подадена рака е еднакво важна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.