Жителите на Дубровник велат дека засекогаш ќе го паметат лето 2020-та година кое што го дочекаа без туристи.
Улиците во Дубровник речиси се празни, а губитоците на угостителите, продавачите и луѓето кои што изнајмуваат апартмани, оваа година ќе бидат огромни.
Во текот на изминативе денови на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од фискални сметки на кои што луѓето можат со свои очи да видат колку чинат одредени работи во Хрватска.
Во еден од најпознатите и најстари ресторани во градот, кој што дава неверојатен поглед кон тврдините, цените на пијалаците се навистина високи.
Таму за мало шише минерална вода треба да платите околу 200 денари, а за кафе околу 150 денари.
Неодамна исто така се појави фотографија од фискална сметка на која што се гледа дека половина литар точено пиво и едно кафе чинат околу 390 денари.