,,Ремдесивир” препорачан од Европската агенција за лекови за лекување на коронавирусот
Европската агенција за лекови (ЕМА) објави денеска дека ја препорача употреба на ремдесивир кај возрасни и деца на возраст од 12 години дијагностицирани со пневмонија за кои е потребен внес на кислород.
Се уште не е позната цената на лекот во Европа. Во САД ќе биде енормно скап, над 5000 долари. Додека замената која би била произведена во Индија би чинела околу 100 пати помалку или околу 50-80 долари.
Ремдесивирот во Европа ќе се вика Веклури кога ќе биде одобрен од Европската комисија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.