Се огласи и Филипче за нападнатата докторка: „Лицата се обиделе насилно да го земат телото на починатиот“

Десетици полицајци се распоредени пред болницата „8 Септември” во Скопје по пријава од докторка која добивала закани од роднини на лице кое било хоспитализирано во Ковид – центарот.
Пред болницата има пет полициски возила и едно полициско комбе, како и униформирани и неуниформирани полицајци.
Полициските службеници веднаш интервенирале пред болницата и роднините на починатиот се очекува да бидат спроведени во полициска станица.


Се огласи и Министерот за здравство, Венко Филипче, кој го потврди и објасни немилиот настан.
„Во случајот интервенираше полицијата која приведе неколку члена од семејството на починатата. Тие се обиделе насилно да го земат телото без да го спроведат соодветниот протокол за лица починати од ковид-19. Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот. Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата“, вели Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.