Најубавиот хотел на светот кој стои на гранки на дрвја

Затскриен од маѓепсаната крошна на дождовни шуми и поврзани заедно со мрежа на патеки за џунгла, ресортот „Кемала“ во Тајланд е светско чудо. Скоро целиот хотел и вилите се изградени на дрва. Комплетирани се со приватен базен и се дизајнирани за гости кои сакаат да доживеат рустикален, но раскошен стил.
Ентериерот е инспириран од приказните, културите, традициите и начинот на живот на четири групи фиктивни антички доселеници во Пукет.


Нивните карактеристики се рефлектираат во сите елементи на вилите и колибите, вклучувајќи ја архитектурата, мебелот, украсните парчиња, па дури и текстилот.
38 Вили за базени на Кемала се достапни само са оние со длабок џеб, но ако се резрвира многу порано, имате можност да бидете дел од овој вистински рај на дрва.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.