Американската војска ќе ја затвори станицата ХААРП поради теориите на заговор

Американскиот воен центар ХААРП ќе се затвори ова лето, доколку се` оди според планот – пренесува американскиот портал Верџ.ХААРП претставува акроним за „High Frequency Active Auroral Research Program“, односно Програма за активно ѕвездено (аурорално, од аурора, т.е. ѕвезда) истражување на висока фреквенција. Различни теории на заговор го објаснуваат ХААРП на различни начини, така што овој проект е обвинет за многу неповолни појави: од контрола на умот, па до екстремни природни катастрофи како што се урагани, земјотреси, торнада.
Така, на пример, во 2010 година, поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека објектот бил одговорен за разорувачките поплави во Пакистан. Меѓутоа, научниците секогаш ги отфрлувале таквите теории како потполно бесмислени.
Истражувачкиот објект се наоѓа во Гакон, на Аљаска, а според официјалниот сајт, ова истражување никогаш не било вклучено во ниту една тајна програма. Освен тоа, објектот – со кој заедно управуваат US Air Force и американската морнарица, е вклучен во низа студии за јоносферата. Конкретно, истражувањата се насочени кон користењето на горниот слој од атмосферата за подобрување на комуникациската технологија.
„Ќе се обидеме да откриеме нови начини за управување со јоносферата, за која ХААРП навистина е дизајниран“, рече Дејвид Вокер, кој е задолжен за надгледување на истражувањата од оваа облст и додаде дека трошоците за работа на објектот чинат околу 5 милиони долари на годишно ниво.ХААРП претставува акроним за „High Frequency Active Auroral Research Program“, односно Програма за активно ѕвездено (аурорално, од ауро

Пронајдете не на следниве мрежи: