Шпанскиот актер Антонио Бандерас е позитивен за коронавирус. Оваа информација тој ја сподели преку својот профил на Инстраграм.
„Би сакал да Ве информирам дека денеска, 10 август, треба да го прославам својот 60-тиот роденден во карантин затоа што бев тестиран на „Ковид-19“ и резултатот е позитивен. Би сакал да додадам дека се чувствувам релативно добро, само сум малку поуморен од вообичаеното. Уверен сум дека брзо ќе оздравамќе ги следам упатствата на медицински лица за кои се надевам дека ќе ми овозможат да го победам вирусот.
За време на мојата изолација ќе читам, пишувам, ќе одмарам и ќе правам планови како понатаму“, напиша Бандерас на Инстаграм.
Пронајдете не на следниве мрежи:



