Омилената кримска државничка е протерана од ЕУ

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ се договорија да ја прошират црната листа со имиња на руски функционери и` и се заканија на Москва со воведување на поостри санкции. На листата на „непосакувани“ личности се најде и државната обвинителка на Крим Наталија Поклонскаја, на која и е забрането да влезе во било која од земјите ЕУ.-Поради влошувањето на ситуацијата во Украина, одлучивме на листата да додадеме уште 13 имиња и 2 стопански субјекти, така што бројот на лицата коишто се под санкција сега е 61, изјави Кетрин Ештон.
Москва изрази разочарување поради ваквата одлука и дека ова претставува еднодимензионална политика која нема да ги реши проблемите во Украина.
Покрај Поклонскаја, на листата на непосакувани лица се најде и државниот обвинител на Севастопољ Игор Шевченко. На „црната листа“ се најдоа и заменик претседателот Вјачеслав Володин, командантот на возудшните сили Владимир Шаманов и пратеникот во Думата Владимир Плигин.
Канада исто така воведе санкции против 12 руски и украински функционери.
„Објавуваме воведување на санкции против дополнителни шест руски и исто толку украински поединци кои допринеле кон руското кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, изјави канадскиот премиер Стивен Харпер.-Поради влошувањето на ситуацијата во Украина, одлучивме на листата да додадеме уште 13 имиња и 2 стопански субјекти, така што бројот на лицата кои

Пронајдете не на следниве мрежи: