Франција одбива да го блокира воениот договор за Мистрал со Русија

Француската влада обзнани дека ќе го исполни договорот со Русија вреден 1,2 милијарди евра, со кој се обврзува да ја снабди руската армија со два воени бродови Мистрал, бидејќи раскинувањето на истиот повеќе ќе го погоди Париз отколку Москва.И покрај притисоците од САД и ЕУ за заземање построг став спрема Москва, Франција останува на договорот со руската армија за испорачување на два воени бродови Мистрал, кои чинат преку 1 милијарда евра.
Анонимен извор близок на претседателот Франсоа Оланд изјавил дека Франција нема намера да го раскине овој договор, бидејќи во спротивн ќе плаќа сериозни казни, кои и тоа како ќе се почувствуваат во нивната економија.
И самиот претседател на Франција има дадено изјава дека овој договор не може да подлежи на третиот бран санкции за Русија и дека ќе се спроведе до крај. Тој призна дека условот на Москва во случај да се раскине договорот е Франција да и ја исплати сета сума плус дополнителни пенали.

 
Америка се обидува да изврши сериозен притисок врз Франција, се со цел да не ги продаде бродовите на Русија. Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека би било попаметно Франција бродовите да ги продаде на друг купувач, или пак да ги продаде на Москва, но без напредната технологија на нив.
Се очекува и американскиот претседател Барак Обама да го притисне Париз по ова прашање за време на неговата посета на Франција за комеморацијата на денот Д.И покрај притисоците од САД и ЕУ за заземање построг став спрема Москва, Франција останува на договорот со руската армија за испора

Пронајдете не на следниве мрежи: