Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе соопшти дали ќе има промена во цените на горивата.
Изминатите две недели горивата ја задржаа својата цена, па така ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесуваше 60,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесуваше 62,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесуваше 52,50 ден/лит, додека малопродажната цен
а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.Новите цени на горивата ќе важат од денес на полноќ.