Мистеријата е откриена: Зошто агентите на ЦИА го посетија Сплит?

Според грубо дадените информации од една голема земја од истокот на Европа, престојот на агентите на ЦИА во Сплит има врска со настојувањата да се намали големото финансиско и политичко влијание кое Русија го има на Кипар.Модифицираниот патнички авион боинг 727-200 С-32В, кој кон средината на минатата недела слета на аеродромот во Ресник, покрај Сплит, заедно со 30 агенти на ЦИА, дефинитивно бил во тајна мисија. Првобитната информација била дека авионот од Сплит продолжил кон Велика Британија, но тоа се покажа како лажна информација која беше пласирана од страна на Америка – пишува сплитска Слободна Далмација.
Како што се дозна од информациите, авионот со идентификацискиот број 24452 слетал во Сплит минатиот вторник.
Следниот ден (среда), авионот со 30 припадници на ЦИА одлетал кон истата рута од која дошол, но не продолжил кон Дубаи, туку слетал во Атина. Судејќи според необичната рута на летот, не станувало збор за никаков одмор на американските разузнавачи во Сплит, туку за посета со конкретна цел. Наводно, во Сплит дошло до разговор и средба со некои странски државјани.

Руското влијание веќе подолго време го нервира Вашингтон, посебно по објавените намери на грчките левичари да им допуштат на Русите да отворат помали поморски бази на островот. Поупатените во оваа област велат дека тајниот престој на ЦИА во Сплит беше насочен кон настојувањето на Америка да се намали влијанието на Русија во источниот Медитеран.
Имено, истиот боинг и минатата година летал во Ресник, кога во Сплит се одржуваше НАТО конференцијата чија тема беше спречувањето на понатамошно ширење на оружјето за масовно уништување. И овој престој на агентите на ЦИА во Сплит потврдува дека американската тајна служба е една од најактивните странски агентури во Хрватска.
Модифицираниот патнички авион боинг 727-200 С-32В, кој кон средината на минатата недела слета на аеродромот во Ресник, покрај Сплит, заедно со 30 а

Пронајдете не на следниве мрежи: