Путин за прв пат го посети Крим!

Директно од воената парада во Москва, рускиот претседател Владимир Путин замина за Севастопољ на Крим за да присуствува на тамошното одбележување на Денот на победата на фашизмот.Ова е прва посета на Путин на Крим откако на 21 март го потпиша договорот со кој полуостровот и Севастопољ се припојуваат кон Руската Федерација.
Оваа посета на рускиот претседател доаѓа во момент кога расте напнатоста помеѓу Западот и Русија поради ситуацијата во Украина.
Путин денеска го поздрави припијувањето на Крим кон Русија и истакна дека тоа е историска вистина.
– 2014 година ќе влезе во историјата како година кога народот што овде живее цврсто одлучил да биде заедно со Русија, што ја потврдува неговата лојалност кон историската вистина – им порача Путин на насобраните жители на Севастопљ.
Тој додаде дека има уште многу работи да се направат, но дека ќе бидат надминати сите тешкотии бидејќи сега се заедно.
– А заедно сме посилни-додал рускиот претседател, пренесува „Франс прес“.Ова е прва посета на Путин на Крим откако на 21 март го потпиша договорот со кој полуостровот и Севастопољ се припојуваат кон Руската Федерација.

Пронајдете не на следниве мрежи: