Путин слави победа: Ова е познатата парада на Црвениот плоштад!

Повеќе од 11.000 војници, 49 воени возила и 69 борбени авиони ќе им приредат грандиозен призор на гледачите во главниот град на Русија, дефилирајќи по улиците.И млади и стари ги преплавија улиците во Москва за да им одадат почест на милиони луѓе коишто ги жртвуваа своите животи за да извојуваат победа во Втората светска војна. По овој повод, на Црвениот плоштад е организирана величествена воена парада.
Овогодинешната парада има посебно политичко значење, бидејќи преку неа Русија ја нагласува неопходноста за нулта толеранција кон фашизмот – наведуваат РИА новости.
Русите секој пат на парадата ги прикажуваат најновите достигнувања во руската технологија, но и опремата од Втората светска војна.

 
На парадата во Москва традиционално присуствува рускиот државен врв, а претседателот Владимир Путин и премиерот Димитриј Медведев, наводно би требало по свеченоста да го посетат Крим.
Како што извести Глас на Русија, Путин и Медведев најпрво би требало да го посетат Севастопољ и да присуствуваат на парадата, а потоа би требало да отпатуваат во Симферопољ.
Доколку Путин отиде на Крим, тоа ќе биде негова прва посета на тој полуостров откога кон средината на март беше припоен кон Русија, додека Медведев го има посетено на 31 март.
Војската дефилира и во Санкт Петерсбург, додека во Севастопољ – домот на Црноморската флота, 70 воени авиони и хеликоптери и 1000 официри на морнарицата и војската учествуваат во парадата.
И млади и стари ги преплавија улиците во Москва за да им одадат почест на милиони луѓе коишто ги жртвуваа своите животи за да извојуваат победа во

Пронајдете не на следниве мрежи: