Во текот на следните денови нашата територија ќе биде под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса која продира од северните предели на Африка..
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, истиот за време на викендот и на почетокот од следната недела ќе засилува. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, најтопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога во најтоплите предели од државава максималните температури ќе се искачат до околу 38, 39 степени.
Промена на времето ќе има од вторник, кога ќе има и позначителен пад на температурите на воздухот.