Уапсени се две девојчиња бидејќи планирале да ја убијат наставничката

Недела дена по убиството на наставничката Ен Мегваер во Католичкото училиште „Корпус Кристи“ во Лидс, кое беше извршено од страна на 15-годишен ученик, во Њубриџ во Велика Британија се уапсени две ученички (14 и 15 години), поради сомневање дека планирале да ја убијат наставничката.Наставничката Алисон Креј (46), од средното училиште „Кјумкерн“ која требало да биде мета на нападот, продолжи да работи во училиштето и вели дека е среќна што планот беше разоткриен на време.
Девојчињата веднаш беа пуштени со кауција. Против двете е покрената тужба за ковање на завера за убиство, а против едната и за поседување на ладно оружје, бидејќи во нејзиниот ранец беше пронајден кујнски нож.Наставничката Алисон Креј (46), од средното училиште „Кјумкерн“ која требало да биде мета на нападот, продолжи да работи во училиштето

Пронајдете не на следниве мрежи: