Дали конечно и се гледа крајот на смртната казна?

Најновото погубување во САД личеше на вистински хорор. Тоа можеби ќе значи крај на смртната казна во Америка, која е една од последните индустриски нации во кои воопшто се применува смртната казна, пишуваат германските медиуми.Ова се однесува на погубувањето кое се одвиваше во Оклахома.
Имено, уште само 55% од Американците ја поддржуваат смртната казна, што и понатаму претставува мнозинство во однос на тоа прашање, но по последната катастрофа останува прашањето уште колку долго ќе потрае тоа мнозинство.
Коментарите на весникот Зидвест Прес (Улм) не се толку оптимистични: „Членот 8 забранува било каква форма на сурови и необични казни. Развлеченото убивање на еден човек несомнено спаѓа во таква група, без оглед на тоа колкава е неговата вина за некое злосторство. Дебатата сепак стои на мртва точка, бидејќи овде е надлежна секоја од 50-те сојузни држави. Во многу од државите и понатаму важи мотото – око за око, заб за заб. Можеби властите повторно ќе размислат, но сега за сега ќе нема некој голем напредок.“ Моментално, оваа казна е укината во 18 американски држави, а дозволена е во 32.
За оваа тема пишува и мадридскиот лист Ел Паис. „Убивањето луѓе по налог на државата не може да биде инструмент на цивилизираното правосудство. Последната егзекуција во САД покажува колку е важно повторно да се покрене дебата за оваа форма на легализирано убивање. Неопходно е САД да влезат во големата група земји во кои смртната казна е забранета или не се спроведува. Во спротивно, Западот ќе нема морален авторитет да им приговара на земјите како што се Кина, Иран или Саудиска Арабија поради честото посегнување по смртни казни“, заклучува шпанскиот лист.Ова се однесува на

Пронајдете не на следниве мрежи: