Се јави една од Босанките што избегаа во Сирија: Убаво ни е тука, поздрав до сите!

Повеќе од две недели нивните семејства немаат слушнато ништо за нив, а зад себе имаат оставено писма во кои најавија дека ќе одат во џихад во Сирија.Малолетните девојки од Виена со босанско потекло, кои пред повеќе од две недели избегаа од дома за да се придружат во светата војна во Сирија, конечно им се јавија на своите семејства.
Според пишувањето на виенскиот весник Кронен цајтунг, 16-годишната Самра преку телефон и јавила на својата сестра да не се грижат за неа и за нејзината другарка.
Како што пренесува сестрата, Самра се однесувала како ништо да не се случило. Не сакала да зборува за локацијата каде што е сместена, а според неофицијалните информации постои надеж дека девојките не се наоѓаат во терористички камп во Сирија, како што се претпоставуваше.
Сабина Селимовиќ (15) и Самра Кешиновиќ (16), редовно посетувале настава во радикалната џамија „Алтун Алем“ во друг округ во Виена. Оваа џамија е централно собиралиште на салафистите кои пропагираат екстремистичка и со насилство проткаена верзија на исламот.
Во извештаите на Установата за заштита на уставноста и борбата против тероризмот во Австрија, босанската дијаспора во таа земја е спомнувана во врска со постоењето на групации кои и припаѓаат на „нео-фундаменталистичката интерпретација на вехабизмот“. Австриските власти утврдија дека меѓу екстремните муслимани посебно се истакнуваат босанските и санџачките вехабии, како и чеченските, од кои најмногу од нив отишле да војуваат во Сирија.Малолетните девојки од Виена со босанско потекло, кои пред повеќе од две недели избегаа од дома за да се придружат во светата војна во Сирија, коне

Пронајдете не на следниве мрежи: