Кери: Русите да го остават Киев на мира

-Русија се обидува со окупацијата на Крим и дестабилизацијата на Источа Украина да ја измени безбедносната слика на Источна и Централна Европа, тврди Џон Кери.Зборувајќи на собирот во Атлантскиот совет – посветен на американско-европските врски, американскиот државен секретар Џон Кери ја повика Москва да „ја остави Украина на мира“, предупредувајќи дека територијата на НАТО е неповредлива.
„Ние ќе го браниме секој нејзин дел“, изјави Кери.
Тој рече дека настаните во Украина се „повик за будење“, потсетувајќи дека САД и нивните европски сојузници повеќе од 20 години се трудат да ја интегрираат Русија во евро-атлантската заедница.
„Нашата сила ќе дојде од нашето единство. Заеднички мораме да пружиме отпор кон оние што се обидуваат со сила да сменат нечии суверени граници“, изјави Кери.Зборувајќи на собирот во Атлантскиот совет – посветен на американско-европските врски, американскиот државен секретар Џон Кери ја повика Москва да

Пронајдете не на следниве мрежи: