Владимир Путин тврди дека САД се иницијатори за настаните во Украина

Моменталните настани во Украина ни покажуваат кој се има замешано во ситуацијата уште од самиот почеток, иако Америка одбра да се држи на страна. Фактот дека сега Америка во прв план го има решавањето на украинската криза, кажува за тоа дека тие „го воделе овој процес уште од самиот почеток“, но, дури сега се прикажуваат како лидери – им одговори Путин на новинарите за прашањето што мисли за тоа каква е улогата на Америка во настаните со Украина.Рускиот претседател оцени дека интересите на Америка и нивните европски партнери се совпаѓаат, бидејќи ЕУ сака спогодба за придружување на Украина „и тоа под услови за кои што рускиот претседател смета дека се непрофитабилни за Украина.“
Путин рече дека Русија не ја гледа потребата да му возврати на Западот со контра-санкции, но порача дека би можело да се разгледа учеството на западните компании во нивната економија, вклучувајќи ги и проектите за енергетика, доколку западните санкции и понатаму имаат тенденција да продолжат.
„Ако продолжат санкциите, ние секако дека ќе мораме да размислиме за тоа кој и како ќе работи во клучните сектори во руското стопанство, вклучувајќи го и секторот за енергетика“, нагласи Путин.
Вчера САД најавија воведување на нови санкции за некои лидери и компании што им се блиски на Путин, додека пак ЕУ денеска додаде имиња на уште 15 Руси и Украинци на црната листа, што значи дека на нив ќе им бидат замрзнати имотите и нема да им се издаваат визи.Рускиот претседател оцени дека интересите на Америка и нивните европски партнери се совпаѓаат, бидејќи ЕУ сака спогодба за придружување на Украина

Пронајдете не на следниве мрежи: