Утре е неработен ден- до крајот на годината имаме уште два споени викенди, испланирајте си ги со време

Оваа недела поради празник ќе биде пократка, со четири наместо пет работни денови.
Согласно Законот за државни празници, утре вторник, 8-ми Септември-Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани.
Годинава се одбележуваат 29 години од спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.На 8 септември 1991 година 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
До крајот на годината остануваат уште три неработни денови за сите граѓани на нашата земја. Од нив два се споени викенда, а еден исто така паѓа во вторник.
За сите граѓани на РМ
11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;


23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;
8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.