Ќерките на Јелена Карлеуша, Атина и Ника вчера славеа роденден и наполнија 12 и 11 години.
-На ист ден слават роденден, така што во блиска иднина ме очекува орда тинејџерки на роденденските прослави. Всушност, тие не се тинејџерки, туку пубертетлики, а пубертетот е шоу-програма, само да го преживеам нивниот пубертет, вели популарната пејачка.
Ќерките добија забавни, но скромни подароци. Бидејќи деца на модерната доба и на дигитализацијата, подароците им беа внимателно избрани од страна на мама…
-Ника вчера доби подарок од мене. Станува збор за онлајн-подарок, таа не сака нешто што е материјално. Децата ги лажат со некои игрици, и во тие игрици уплаќаш пари. Тоа се некакви мачки што се богатат, односно, не се мачки туку роблокси и ти уплаќаш пари твојот роблокс да биде богат. Ете, ќерка ми доби за подарок нејзиниот роблокс да биде многу богат, значи бадијала фрлени пари, раскажува Јелена за медиумите, додавајќи што ѝ подарила на постарата ќерка.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.