Пејачката Ана Бекута прозборе за 8-годишната врска со Милутин Мркоњиќ Мрка, па откри детали поврзани со нивниот однос, како се запознале и дали планираат да се венчаат.
Се сретнавме кога требаше и кога бевме спремни еден за друг. Мене ми требаше поддршка во вид на фигура каква што е тој. Заедно сме осум години, среќна сум што го имам, рекла Ана.
Пејачката прозборе и за моментот кога Мрка даде оставка од позицијата министер поради неa.
-Тоа беше тешки времиња за нас двајца, негодувањето на јавноста, односно медиумите. За да ги запре тие приказни, во 2013 година даде оставка и веруваше дека тоа е вистинската одлука за нас. Така и беше. Во тој момент сите не оставија на мир. Јас бев колатерална штета затоа што знаеа дека најмногу ќе го боли ако ме вметнат мене во текстот. После оставката сите запреа, победи љубовта. Мрка е полн со искуство, има важни и големи искуства за сите нас, многу е добар и не почитува сите, додаде Ана.
Прозборе и за предрасудите со кои се соочуваат сите овие години наназад.
Имаат предрасуди затоа што не знаат кои сме и како функционираме. Во зрели години сме, но не веруваме во бракот како институција, најважно ни е да се сакаме, заклучила Ана.