Потрагата продолжува, родителите се молат…

Родителите на учениците кои се заробени во потонатиот брод, не губат надеж. Сепак, ББС објави дека спасувањето не напредува доволно брзоВо трагедијата што се случи вчера утрото во западниот брег на Јужна Кореја, пронајдени се девет тела, 174 луѓе беа спасени, а 280 се водат за исчезнати. На бродот се наоѓале 460 лица, главно студенти, кои отишле на патување.
Бродот не долго откако испловил од Сеул испратил порака со која бара помош, но сето тоа се случило толку брзо што траектот потонал за само два часа. Некои од учениците, наставниците и вработените успеале да се спасат со скокање од траектот, а останатите кои останале на бродот се водат како изчезнати.

 
Се претпоставува дека тие се заробени во една од просториите на потонатиот траект, принудувајќи ги спасувачите да продолжат и во текот на ноќта и утрото да се обидат да стигнат до нив. Нивниот план, како што БиБиСи извести, е во таа просторија да додадат кислород за да преживеат и да издржат до доаѓањето на спасувачките екипи.
Сепак, временските услови, ладната вода и струите ги попречуваат сите напори на спасувачите. Вчера беше објавено дека попреченоста се должи на ладна вода, која беше околу 12 степени, хипертензија би настанала за помалку од два часа.
Цело време, родителите не губат надеж. Секој од нив секоја минута се моли за своите деца, вели за БиБиСи, додавајќи дека некои родители ги покажале на новинарите пораките што нивните деца им ги испраќале во времето кога бродот брзо тонел. “Мамо, јас можеби нема да бидам во можност да ти кажам подоцна дека Те сакам ” е една од многуте пораки.
Лекарите кои ги испитуваат преживеаните велат дека сеуште се во состојба на шок.Во трагедијата што се случи вчера утрото во западниот брег на Јужна Кореја, пронајдени се девет тела, 174 луѓе беа спасени, а 280 се водат за исчез

Пронајдете не на следниве мрежи: