Наоружени напаѓачи киднапирале околу 200 девојки во Нигерија

Се верува дека припадниците на милитантната група Боко харам киднапирале девојки и ги однеле во шума во близина на границата со Камерун, пренесуваат странските медиуми.Напаѓачите доцна синоќа влегле во училиште во местото Чибок, во областа на државата Борно и им наредиле на девојките да влезат во камионите.
Локалните политичари изјавија дека околу 50 војници биле распоредени во близина на училиштето, но дека биле совладани од напаѓачите.
Се наведува дека група од 15 девојки успеале да избегаат кога еден камион застанал поради дефект.
Нигериските медиуми јавија дека двајца припадници на безбедноста се убиени, а локалното население сведочи дека околу 170 куќи биле запалени за време на нападот.
Напаѓачите доцна синоќа влегле во училиште во местото Чибок, во областа на државата Борно и им наредиле на девојките да влезат во камионите.

Пронајдете не на следниве мрежи: