Двајца браќа близнаци на 24-годишна возраст, се досега најмладите прилепчани кои се позитивни на Коронависусот. Едниот, заради исклучително тешката клиничка слика, утринава, итно бил испратен во Скопје. Двете момчиња, немале никакви претходни хронични заболувања, ниту пак било какви други здравствени проблеми.
“Никакви хронични тегоби. Двете деца, 24-годишни момчиња се близнаци кои се здрави и немаат никакви хронични болести“ – објаснува раководителката на Инфективното одделение во прилепската Општа болница, Мирјана Крстеска.
Инаку капацитетот на Инфективното одделение, безмалку е исполнет до максимум, но особено загрижува што недостасува и централен довод на кислород, а нема ниту респиратор.
“Не ни ги примаат во Скопје, и потешките, и оние со многу коморбидитети и затоа се најдуваме во една така незавидна ситуација во однос на лекувањето. Имаме терапија, но проблемот е само со централниот довод на килсород. Доколку тоа се реши, би ни било големо олеснување“, посочува инфектолог Крстеска.
И додека вирусот зема се’ поголем замав, а медицинскиот персонал е во хроничен дефицит и преморен, и понатаму останува неизвесноста – кога и дали конечно ќе профункционираат во земјава, со месеци најавуваните монтажни болници, каква што треба да биде поставена и во Прилеп ?! Дотогаш, локалните здравствени власти, најверојатно ќе треба да се снаоѓаат сами како знаат и умеат