Прв позитивен случај на коронавирус кај осуденик во штипскиот Затвор е регистриран денеска во здравтвениот билтен на Министерството за здравство. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров ја потврдува информацијата и вели дека во изолација се тсавени девет осудени лица, еден вработен во Затвор Штип, додека на лекарот, стоматологот и на медицинскиот техничар во затворската амбуланта им е наложено да се тестираат.
-Немаме конкретни информации, како осуденото лице се заразило, претходната недела имавме вработен позитивен на коронавирус, но може да биде и заразен од друго осудено лице, кое во изминатиот период користел викенд отсуство, во полуотворено одделение, по појавување на првите симптоми веднаш во консултации со затворскиот лекар е изолирано од остантите осудени лица. Во стабилна здравствена сосотојба е спроведен на Инфективно одделение, каде што му извршен преглед и дадена соодветно терапија, вели Тодоров.
Во штипскиот Затвор преземени се сите мерки и осудените лица, кои се ставени во изолација се наоѓаат во посебна просторија. Извршена е и дезинфекција на Затворот, а заразеното осудено лице било сместено во полуотвореното одделение.