Најпрво забрана за семејни поголеми прослави и забави во домашни услови, односно се забранува групирање на граѓаните во домовите и други собири во групи. Во едно живеалиште сопствениците е дозволено да примат најмногу четири луѓе, ова денеска преку прес-конфереција го истакна Венко Филипче.
-Се забранува групирање на јавен простор после 22 часот, забрана по паркови, бензински пумпи и било каде на отворено.
-Се воведува задолжително носење на маски, марама и шал, исклучок при спортување на отворено и затворено, при транспорт со возило доколку сите живеат на иста адреса и во угостителските објекти, исклучок се и децата до шест години.