Прв случај на коронавирус кај дете во штипска градинка

Петгодишно дете од централниот објект на штипската градинка „Астибо” е прв позитивен случај на коронавирусот меѓу згрижените деца во градот под Исар. Пред шест дена беа евидентирани четири позитивни случаи меѓу вработени во двете детски градинки, по што 24 деца со две вработени беа изолирани.
Директорката на градинката „Астибо”, Билјана Трајчевска го потврдува случајот и вели дека денеска е пристигнат резултатот по што се информирани сите надлежни институции и Општина Штип.
Петгодишното дете е дел од групата, која е изолирана, по појавата на вирусот кај воспитувачката. Но, епидемиолозите не го поврзуваат случајот на детето со воспитувачката, бидејќи неколку дена претходно не доаѓало во градинка. Според епидемиолошката анкета воспитувачката се заразила од член во семејството, истакна Трајчевска.
Таа додаде дека на негователката и на останатите 11 деца им изминува периодот на изолација во петок по што ќе може да се вратат во градинката. Трајчевска потенцира дека забележано и дека дел од родителите самоиницијативно ги тестираат своите деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.