Четврти меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020
Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува
сите домашни пронаоѓачи и иноватори да се пријават за учество на Четвртиот
меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020. Со
оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on-
line, од 9. до 11 ноември 2020. На 11 ноември на веб-страницаta www.naim.mk ќе
биде објавен официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и
иновации, заедно со наградените добитници. Наградите се златни, сребрени и
бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин.
Крајниот датум за пријавување е 31. октомври 2020. Учеството на ИНОВАМАК
2020 е бесплатно! Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата објавена на
www.naim.mk . Дополнителни информации на [email protected] или
на тел. 075-376-831 и 075-228-344.
Со оглед на стекнатиот меѓународен углед што го постигнаа претходните три
саеми ИНОВАМАК (минатата година учествуваа 20 земји со вкупно над 100
патентирани пронајдоци!), оваа година се очекува да учествуваат повеќе од 25
земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата. Не пропуштајте ја
приликата да ја претставите својата иновација пред целиот свет!
Национална асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM)
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.