Малезискиот премиер Наџиб Разак денеска на семејствата на 239-те патници и членови на екипажот од мистериозно исчезнатиот авион „Boeing 777-200 ЕR” на компанијата „Malaysia Airlines”, им соопшти дека авионот своето патување го завршил илјада милји подалеку од зацртаната рута.„Со голема тага морам да ви соопштам дека податоците потврдуваат дека последната позиција на авионот е забележана во Индискиот Океан, јужно од Перт”, изјави малезискиот премиер Наџаб Разак. Неговата изјава, според агенциите, се заснова на информациите на британската сателитска компанија „Inmarst”.
Според првичните информации, авионот нагло скршнал од рутата и постоеше сомневање дека намерно е тргнат од зацртаниот курс. Американската телевизиска мрежа CNN објави дека авионот од височина од 35.000 стапки (10.600 метри) нагло се стрмоглавил на 12.000 стапки (3.650 метри), што би требало да значи дека пилотите реагирале на вонредна ситуација. Меѓутоа, никаков повик за помош не бил упатен од страна на екипажот, а судбината на авионот повеќе од две седмици останува да претставува мистерија без преседан во цивилното воздухопловство.
Копилотот на исчезнатиот авион „Boeing 777-200 ЕR”, Фарук Абдул Хамид, првпат летал со овој тип воздухоплов како самостоен член на екипажот без контрола од страна на инспектор (check co-pilot), пишува AFP повикувајќи се на изјавата од компанијата „Malaysia Airlines (MAS)”.
Како што се истакнува во изјавата, до несреќниот лет МH370, Абдул Хамид управувал со контрола на инспектор само пет пати. Според авиокомпанијата, станува збор за вообичаена практика. Во текот на обуката и подготовките немало никакви проблеми кај раководството и инспекторите кон Абдул Хамид. Покрај тоа, капетанот на авионот, Захари Ахмад Шах бил искусен пилот на „Boeing 777″ со долгогодишен стаж.
Малезиските власти претходно објавија дека се води истрага за членовите на екипажот и пилотите на исчезнатиот авион, но досега никакви резултати од оваа истрага не се соопштуваа.
На листата на патници, 154 се од Кина и Тајван, 38 се Малезијци, седум се Индонезијци, шест Австралијци, Пет Индијци, четворица Французи, тројца Американци, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина, и по еден државјанин на Русија, Холандија, Австрија и Италија.
Откако исчезна авионот, во потрагата по него учествуваат 26 земји, меѓу кои и Виетнам, Индија, Малезија, Австралија, Јапонија, САД и Кина. САД на Австралија и' отстапи направа за откривање на т.н. „црни кутии” кои ги снимаат техничките информации за летот на авионот, како и гласот на пилотот за време на летот. Таа со мала брзина се влече зад брод за да го детектира звукот од „црната кутија” на максимална длабочина од 20.000 стапки или 6.090 метри. Меѓутоа „црните кутии” испраќаат сигнали околу 30 дена, по што станува уште потешко да се лоцира исчезнатиот авион.
Потрагата се одвива во два огромни коридора. Едниот се простира северно по копното од Лаос кон Каспиското Езеро, а другиот јужно преку Индискиот Океан до индонезискиот остров Суматра, па сé до делот западно од Австралија.
Последните денови тие се концентрирани на областа 2.500 километри југозападно од австралиското пристаниште Перт, настојувајќи да ги пронајдат објектите што ги снимиле сателитите на повеќе земји.
Кина во потрага по исчезнатиот авион упати неколку авиони „Илјушин ИЛ-76″ и цела флотила бродови, меѓу кои и мразокршачот „Снежниот змеј”. Кинеските бродови ќе пристигнат во зоната на потрагата во вторник, а во моментот таа област ја надлетуваа десетина авиони опремени со најсофистицирана опрема. „Со голема тага морам да ви соопштам дека податоците потврдуваат дека последната позиција на авионот е забележана во Индискиот Океан, јужно о