Бучковски убеден во решение, но не за седум дена

Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Бучковски вети дека прашањето меѓу Скопје и Софија ќе биде решено, но не гарантира дека тоа ќе се случи до 8 декември, кога ЕУ конечно ќе одлучи дали да ги започне преговорите за членство со земјата или не.
Додека вчера Владата потврди дека се обидуваат да го усогласат со бугарската страна заедничкиот патоказ за спроведување на Договорот од 2017 година, министерот за надворешни работи Османи рече дека напорите продолжуваат во различни форми.
„Во овој период сме посветени на создавање механизми што ќе ја вратат довербата во договорот, како на пример преку акциони планови, формирање на работни групи кои ќе комуницираат со работните групи на Бугарија и изразување на подготвеност и внимание на обврските што произлегуваат од договорот, интензивирање на работата на комисиите и барање за одржување на меѓувладина конференција во декември“, рече Бујар Османи, министер за надворешни работи.


Шефовите на комисиите на двете земји се судрија денеска, еден ден пред состанокот, каде се очекува да се разговара за средновековниот период. Шефот на бугарската страна, Ангел Димитров, рече дека политичарите на двете земји сакаат напредок, но дека историчарите на Северна Македонија прават се за да не се случи тоа. Димитров ги критикуваше македонските историчари, за кои рече дека очекуваат нова ситуација за да направат критичка анализа, наместо да ја кажува вистината и да го подготват општеството за тоа. Шефот на македонската страна, Драги Ѓорѓиев, одговори дека е научно неприфатливо нивната работа да биде диктирана од политички барања. Тој истакна дека се бараат причини за неуспех на состанокот што не помага да се постигнат заедничките цели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.