четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јаневски: Можеме да дојдеме до добар резултат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски сигурен во квалитетот на нашите фудбалери верува во добар исход од претстојните два натпревари против Велс и Шкотска на домашен терен.„Не очекуваат два мошне тешки дуели со квалитетни противници како Велс и Шкотска. Играат идентичен фудбал, применуваат на теренот пас-игра па тоа самото по себе претставува мала опасност за нас. Како и да е, јас верувам во момциве и мислам дека можеме да стигнем до добар резултат прво против Велс, а потоа и со Шкотска“ беше дел од изјавата на селекторот Јаневски на денешната прес-конференција.
Првиот натпревар го играме против селекцијата на Велс во петок со почеток од 19 часот, додека пак вториот со селекцијата на Шкотска, исто така на домашен терен, но со почеток од 20,45 часот, и двата натпревари се играат на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.„Не очекуваат два мошне тешки дуели со квалитетни противници како Велс и Шкотска. Играат идентичен фудбал, приме

Поврзани вести