За прегласно слушање на Куранот во автомобил – казна од 100 евра

Кон крајот оваа година обележана од корона-пандемијата, бројни казни од полициски службеници во Австрија предизвикаа бура во јавноста… Но, една посебно се издвојува.
Имено, еден виенчанец кој слушал читање од Куранот додека возел, треба да плати казна за нарушување на редот и спокојството во околината.
Објаснувањето на полицијата е дека околу автомобилот се слушало гласно рецитирање на арапски јазик, во облик на беседа, и покрај затворените прозорци. Полицијата го запре возачот и поднесе пријава, а тој сега треба да плати казна од 100 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.